До јануари оваа година во Македонија се примени 6.000 бегалци од Украина, со што нашата земја е втора во Западен Балкан, зад Црна Гора со 32.000, проценува Агенцијата на Европската унија за азил и на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР).
Според процените зад Македонија се Србија со 2.700 лица, Албанија со 2.300, Босна и Херцеговина со 100 и Косово со 13 (сите од нив новинари), а во европски рамки Малта со 2.000 и Лихтенштајн со 400.
Од регионот, Бугарија има примено 51.000 украински бегалци, Грција 21.000, Хрватска 20.000, Словенија 9.000.
Повеќе од половина од избеганите од војната во Украина со нејзино државјанство примиле Полска (1,6 милиони) и Германија (1 милион).
Во Италија заминале 173.000 Украинци, во Велика Британија 151.000, во Франција и во Шпанија по 119.000, во Романија 107.000, во Словачка 104.000, во Молдавија 102.000 итн.
Од вкупниот број украински бегалци 87 проценти се жени и деца, 13 отсто се стари лица, 12 отсто лица со инвалидитет.
УНХЦР очекува уште два милиона бегалци до март.