More

    Во Мајами бараат специјална дозвола за Ѓоковиќ

    spot_img

    Директорот на Мастерсот во Мајами, Џејмс Блејк изјави дека се надева дека најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Флорида.

    Ѓоковиќ достави документација и побара специјална дозвола за влез во САД, за да игра на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами, со оглед на тоа што американските власти се уште не дозволуваат престој на невакцинирани странци.

    „Правилата официјално се менуваат на 11 мај, но ние побаравме од американската влада изземање, бидејќи навистина не го гледаме неговото играње овде како опасност. Тој датум го одредија поради календарот, но ние не можеме да го организираме турнирот по 11 мај, па би сакале Ѓоковиќ да игра тука. Го истакнавме фактот дека тоа би било добро за економијата, заедницата на Мајами и за љубителите на тенисот ширум светот кои сакаат да видат голем шампион во овој град“, рече Блејк.

    Мастерсот во Мајами ќе се игра од 22 март до 2 април.

    „Ќе видиме дали е ефикасно, но за жал ништо не е во наши раце. Поканет е, е на списокот учесници… Шест пати го освојуваше овој турнир и би сакале да има можност да игра за седмиот трофеј. Направивме се што можевме. Ако му дозволат на Ѓоковиќ да игра во Индијан Велс, ќе бидеме подготвени да го пречекаме во Мајами“, заклучи Блејк.

    Тој истакна дека организаторите на турнирот во Мајами им доделиле специјални покани за учество на Австриецот Доминик Тием и Британката Ема Радукан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img