Слаб земјотрес со интензитет од 2 степена според Рихтеровата скала денеска е почувствуван во околината на Лазарополе. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот се случил во 12.15 часот, на длабочина од 15 километри.
Ова е втор земјотрес денеска во Македонија.
Рано утрово околу два часот по полноќ во Скопје и околината беше почувствуван земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на овој потрес беше на 22 километри источно од Скопје, на длабочина од 10 километри.
На апликацијата на EMSC има дури 195 коментари од граѓаните кои го почувствувале тресењето, кои главно го опишуваат како умерен потрес, посилен на повисоките катови, во траење пократко од 10 секунди и проследен со звук.