Во крвавиот напад во Пакистан загинаа 89, а повредени се 221 лице

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бројот на загинати во бомбашкиот напад во џамија, чија цел беше полицијата во пакистанскиот град Пешавар, се зголеми на 89, соопштија денеска официјални лица.

– Најмалку 89 луѓе ги загубија животите – изјави за ДПА Ајаз Кан, портпарол на локалната полиција.

Околу 221 лице се ранети во самоубиствениот бомбашки напад што се случи вчера во преполната џамија лоцирана во зоната со високо обезбедување до полицискиот штаб.

Најмалку 10 од ранетите се во критична состојба, изјави портпаролот на болницата.

Во текот на ноќта, најмалку 10 тела беа извлечени од под остатоците на урнатиот ѕид и покрив на џамијата.

– Повеќето од жртвите, вклучително и службениот персонал, се од полицијата – рече Кан.

Нападот беше еден од најсмртоносните во земјата во изминатите години и беше извршен за време на попладневните молитви.

Покрената е истрага за тоа како била пробиена повеќеслојната безбедносна инфраструктура на локацијата.

– Тоа не беше ништо помалку од напад на Пакистан – изјави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

- Advertisement -
Ad image

Ниту една група сè уште не ја презела одговорноста за нападот во Пешавар, лоциран во близина на границата со Авганистан, во услови на пораст на насилството и влошена безбедносна ситуација во Пакистан.

И пакистанските талибанци и терористичката милиција Исламска држава во минатото ги напаѓаа верниците во џамиите.

Насилството се интензивира откако во ноември пропаднаа месечните мировни преговори меѓу Исламабад и талибанските милитанти кои се кријат во Авганистан.

- Advertisement -
Ad image

Минатиот месец, во експлозија на автомобил-бомба загина еден полицаец во Исламабад.

Share This Article