Онлајн базата на податоци Numbeo го објави индексот на трошоците на животот за првата половина од годинава. Во него како најскапи градови се посочуваат швајцарските Женева и Цирих, а во првите 5 се американските градови Њујорк, Сан Франциско и Бостон.
Рејкјавик, главниот град на Исланд, е на шестото место, додека остатокот од рангирањето до 10 се американските градови Вашингтон, Сиетл, Лос Анџелес и Чикаго.
Најевтини за живеење се пакистанските градови Карачи и Лахоре и индскиот град Калкута.
На листата на која се рангирани 218 градови, Скопје се наоѓа на 160 место според трошоците за живот.
Во споредба со земјите од регионот, поевтин е животот во Приштина, Косово (195 место) и Ниш, Србија (165).
Трошоците на живот се повисоки во земјите-членки на ЕУ кои се во наша близина. Така, Aтина е на 91 место на листата на најскапи градови, Љубљана 96 и Загреб 107.
Зад нив е Тирана , град кој се најде на 114 место на листата. Понатаму е Белград на 127 место, Софија 132, Подгорица 143, Aнкара 145, Сараево 148.
Интересен податок е и дека според листата, поевтино е да се живее во Санкт Петербург во Русија кој се наоѓа на 162 место, отколку во Скопје.
Компанијата со база на податоци ги разгледа факторите како што се цената на намирниците, оброците во рестораните, трошоците за изнајмување и колку далеку оди локалната валута за да ги формулира своите резултати.