More

    Во кои земји не важи зелениот картон? До крајот на годинава ќе се знае дали овој трошок ќе се спои со регистрацијата

    spot_img

    Ја сакате слободата што ја имате кога патувате со вашиот автомобил, но никогаш не можете да предвидите што може да ви се случи на пат. Ако случајно учествувате во сообраќајна незгода во странство, трошоците за штетата ќе бидат покриени со вашиот зелен картон. Затоа треба да знаете во кои земји важи, а во кои не важи зелениот картон издаден во Македонија.

    Со оглед на тоа дека сезоната на одмори започна, а многумина се подготвуваат за долго патување со автомобил, не е непознато дека ќе ви побараат зелен картон на граница ако патувате со автомобил.

    „Зелената карта е задолжителен документ, чија валидност е поврзана со времетраењето на вашето осигурување од автомобилска одговорност, и всушност претставува осигурување од автомобилска одговорност во странство. Доколку имате осигурување од автомобилска одговорност кај нас, обезбедете ја исто така и зелената карта“, информираат од АМСМ.

    Во кои земји не важи зелениот картон?

    Согласно известувањето од Националното биро за осигурување за истапување од членство на државата Израел, почнувајќи од 01.01.2022 година, Друштвото не покрива осигурување на меѓународна карта за осигурување на автомобили (зелена карта) на територијата на државата Израел.

    Од 22.05.2023 Друштвото не покрива осигурување на меѓународна карта за осигурување на автомобили (зелена карта) на територијата на државите Русија и Белорусија.

    Кои се цените на зелениот картон и осигурителната премија?

    Според актуелните цени, зелениот картон за патничко возило до 66 kW на годишно ниво е 3.690 денари, а за оние над 66 kW за една година е 5.536 денари. Цената за патничко возило до 66 киловати за месечно ниво е 1.850 денари, а за возило над 66 kW e 3.075 денари.

    За влечните и специјалните возила, мотоциклите, приклучни и работни возила цената е 5.536 денари. Цената за товарните возила и автобусите е 17.222 денари. Важност на зелената карта е 12 месеци или во рамки на времетраењето на полисата за автомобилска одговорност.
    Износот на годишната премија е еднаков кај сите осигурителни компании и зависи од силата на моторот, кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др. Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку немате предизвикано сообраќајна незгода.

    Во најголемиот дел од земјите-членки на Европската Унија, сопствениците на автомобили плаќаат единствена премија за осигурување и за зелен картон.

    Во регионот, пак, Србија, БиХ, Албанија, Словенија и Грција веќе се приклучија на поголемиот дел од земјите од ЕУ каде што е воведено единствено осигурување од автоодговорност и каде што зелениот картон е интегриран во цената за регистрација на возилото.

    Зелен картон и премија заедно и кај нас?

    Плусинфо претходно објави дека власта размислува за укинување на зелениот картон, односно воспоставување единствена премија за осигурување на возилата од автоодговорност, како што е дефинирано со директивите на ЕУ. Во Законот за задолжително осигурување во сообраќајот има одредба според која ова ќе се применува дури по влегување на земјава во Унијата.

    – Со оглед на тоа што примената на таквиот модел значително ќе ги зголеми трошоците на граѓаните при осигурување на возилата, правиме анализи за преминување кон моделот што се применува во ЕУ, односно плаќање единствена премија за осигурување на моторните возила, која вклучува автоодговорност и зелен картон – информираа тогаш од Министерството за финансии.

    Во последното тримесечје на годинава треба да се донесе конечната одлука дали ќе се применува европскиот модел и кај нас, по што ќе треба да се направат измени на Законот.

    Во актуелниот Закон за задолжително осигурување во сообраќајот пишува дека единствената премија е предвидено да почне да се применува кога земјава ќе стане полноправна членка на ЕУ. Пред неговото донесување осигурителните компании побараа да се укине зелениот картон и да се премине на единствено осигурување на возилата, но тогаш тоа нивно барање не беше прифатено. Истовремено, граѓаните и превозниците бараа поевтин зелен картон, бидејќи македонскиот е најскап во регионот. Сега владата се премисли и бара начин како да им одговори на двете барања, но каков ќе биде крајниот исход, не се знае.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img