More

    Во клиниката „Филип Втори“ последните два дена има пациенти кои се болни од свински грип и кои се во многу тешка состојба, се применува методата на хемофилтрација

    spot_img

    Во клиниката „Филип Втори“ последните два дена има пациенти кои се болни од свински грип и кои се во многу тешка состојба, па затоа мораше да се примени методата на хемофилтрација, рече кардиохирургот Жан Митрев во вечерашнава емисија Топ тема на телевизија Телма.

    Митрев додаде дека и овие пациенти не се лекуваат од свинскиот грип, туку од последиците од свинскиот грип, исто како што се случуваше и со ковидот. Кардиохирургот проценува дека е возможно да има и нов бран на ковид, болест за која, нагласи тој, уште не е измислен лек.

    – Хемофилтрацијата не е лек за ковид, туку е еден вид метода која им помага на пациентите да се извлечат од тешката состојба, која, пак, настапува кога откажуваат бубрезите на пациентот и срцето не може да ја издржи таа состојба. Хемофилтрацијата е шанса што му се дава на пациентот за неговиот организам, кој е во многу тешка состојба, да се избори со таа состојба. Таа е иста како хемодијализата кај бубрежно болните – објасни кардиохирургот.

    Митрев демантира дека во неговата клиника пациентите биле доведувани во заблуда дека им било ветувано дека хемофилтрацијата ќе ги излекува од ковид-19.

    Клиниката, како што вели кардиохирургот, ги минала сите развојни фази што хемофилтрацијата ги имаше во изминатите 20 години.

    – Хемофилтрацијата чинеше 3.000 евра, а беше утврдена врз основа на економски параметри. Парите кои ги депонираа пациентите, а на кои не им беше извршена услугата, им биле враќани – рече Митрев.

    Митрев во емисијата „Нечиста крв“ на ИРЛ беше посочен дека во приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќал на пациентите високи суми на пари за хемофилтрација при лечење од ковид-19, а таа метода не била пријавена пред Агенцијата за лекови -МАЛМЕД.

    Обвинителите Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева утре се очекува да им соопштат на новинарите за текот на истрагата – дали таа продолжува, дали ќе оформат обвинение или, пак, не успеале да најдат доволно докази за да го докажат делото „сомнение измама на пациенти“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img