Во КИЦ Битола, синоќа отворено 11-то Меѓународно графичко тријанале

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Ако некогашната важност и виталност на Хераклеа Линкестис, а подоцна и на Битола, уште од дамнешно време се должела на нејзината важна местоположба која преку Via Egnatia претставува крстосница на цивилизациите, денеска таа „заслуга“ ѝ припаѓа на културата и уметноста. Офицерски дом кој самиот по себе е дел од градителската уметност, благодарение на 11-то издание на Меѓународното графичко тријанале-Битола 2024 синоќа беше центар на светската графичка уметност. Во свечена атмосфера пред присутните гости, по повод доделувањето на „Гранд При“ наградата на аргентинскиот графички уметник Леонардо Годлиб чија изложба беше поставена, како и наградата за посебен придонес кон светската графичка уметност на Р. Аргентина, свое обраќање имаа градоначалникот на Општина Битола, Г-динот Тони Коњановски, како и Неговата Екселенција , Амбасадорот на Аргентина во Македонија, Г-динот Алехандро Мажер, како и уметничкиот директор на Графичкото Тријанале , ликовниот критичар Владо Ѓоревски. На овогодинешното издание на Графичкото тријанале беа пријавени над 800 дела на автори од 11 земји од светот. Изложбата може да се посети наредните денови во Свечената сала на Офицерскиот дом КИЦ Битола.
Share This Article