Во Киев пред неколку минути се вклучила тревога за воздушен напад, јави МИА.
Во текот на изминатата ноќ Русија изврши напади врз Киев во кои загинаа три лица, меѓу кои и едно дете, а шест лица беа повредени.
– Сите воздушни цели што ги пресретнавме беа уништени од нашите сили и средства за противвоздушна одбрана – соопшти градската управа.
Сепак, остатоците што паднале резултираа со жртви и повредени.
Според локалните власти, Русија во нападот користела крстаречки и балистички ракети.