Во Кенија досега се пронајдени 39 тела на имотот на пасторот Пол Мекензи, кој беше уапсен бидејќи им рекол на своите следбеници да постат до смрт.
Полицијата соопшти дека не се ископани сите гробови на имотот на Мекензи, кој беше уапсен на 14 април поради поврзаност со култот на гладувањето.
Минатата недела, по дојава од граѓаните, полицијата го пронашла свештеникот и уште 15 изнемоштени лица во Меѓународната црква на Радосната вест, каде што гладувале.
После тоа загинаа уште четири лица, па вкупниот број на жртви досега е 43.
Следбениците рекоа дека гладувале според упатствата на свештеникот „да го запознаат Исус“.
Мекензи штрајкува со глад во последните четири дена во полициски притвор.
Свештеникот претходно беше уапсен двапати, во 2019 година и во март годинава, во врска со смртта на деца. Секој пат тој беше пуштен со кауција, а двата случаи се уште се во постапка на суд.
Локалните политичари го повикаа судот овој пат да не го ослободува, осудувајќи го ширењето на култови во областа Малинди.
Култите се вообичаени во Кенија.