More

    Во истрага за „корупција и перење пари“ во Белгија се приведени високи функционери, меѓу нив и потпретседателката на Европскиот парламент Ева Каили и поранешниот европратеник Пјер Антонио Панцер

    spot_img

    Во истрага за „корупција и перење пари“ во Белгија се приведени високи функционери, меѓу нив и потпретседателката на Европскиот парламент Ева Каили и поранешниот европратеник Пјер Антонио Панцери.

    Во акцијата се извршени  16 претреси и пет апсења, а се одземени и  600.000 евра во готовина, како и мобилни телефони.

    Меѓу приведените, според наводите на медиумите, се и новоизбраниот генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати Лука Висентини, како и директор на една невладина организација и асистент во Европскиот парламент.

    Лука Висентини во ноември беше избран за генерален секретар на Конфедерацијата на синдикати од целиот свет, која претставува повеќе од 200 милиони работници.

    Според белгиското државно обвинителство истрагата се води против „криминална организација, обиди на една земја од Заливот да влијае на економските и на политичките одлуки на Европскиот парламент, како и за наводите за корупција и перење пари“.

    Белгиското обвинителство соопшти дека утре ќе биде донесена одлука дали пет лица приведени во истрага за корупција во која учествуваше Европскиот парламент ќе останат во притвор.

    Белгиските медиуми објавија дека сомнежи има дека во аферата е вмешан Катар, односно дека заливската земја се обидува да влијае на политичките и економските одлуки на Европскиот парламент.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img