Поради екстремните горештини во Иран, одлучено е 2 и 3 август да бидат неработни во институциите низ државата.
Со цел да се заштити здравјето на граѓаните поради невидените горештини деновиве, Советот на министри го прифати предлогот на Министерството за здравство среда и четврток да бидат неработни денови во целата земја, изјави портпаролот на иранската влада Али Бахадори Јахроми.
Во Иран, каде што времето е екстремно топло во последните недели, се проценува дека температурата на воздухот утре ќе достигне 51 степен во некои градови на југозападот на земјата. Во главниот град Техеран температурата се очекува да биде околу 40 степени.
Иранскиот министер за здравство Бахрам Ејнулахи и предложи на владата регионите каде температурата надминува 40 степени да се прогласат за неработни.