More

    Во иднина пациентите ќе мора да примаат терапија само еднаш неделно?

    spot_img

    Научниците развија нов тип на инсулин, кој го нарекуваат „паметен“ инсулин, бидејќи реагира и се активира само кога се менува нивото на шеќер, што би можело суштински да влијае на здравјето и квалитетот на животот на милиони луѓе ширум светот.

    Пациентите во моментов мора да си инјектираат синтетички инсулин неколку пати на ден за да преживеат.

    Постојаната флуктуација помеѓу високото и ниското ниво на шеќер во крвта предизвикува и акутни и хронични здравствени проблеми и има големо влијание врз психичката состојба на пациентите.

    Научниците велат дека пронашле решение за кое се тврди дека е најблиску до лек за дијабетес тип 1 – „паметен“ инсулин кој чека во телото и се активира само кога е потребно.

    Експерти од САД, Австралија и Кина наведуваат дека успешно дизајнирале нов тип на инсулин кој ја имитира природната реакција на телото на промена на нивото на шеќер во крвта и веднаш реагира.

    Вообичаените дози на инсулин го стабилизираат нивото на шеќер во крвта откако ќе влезат во телото, но после тоа тие не можат да помогнат со идните промени, што значи дека пациентите мора да го следат нивото на шеќер во крвта и да земаат инсулин неколку пати на ден.

    Новиот тип на инсулин GRI (инсулини кои реагираат на гликоза) се активираат само кога одредена количина шеќер се акумулира во крвта со цел да се спречи хипергликемија. Штом нивото на шеќер во крвта падне под одредена точка, инсулинот станува неактивен за да се избегне хипогликемија.

    Во иднина пациентите ќе мора да примаат инсулин само еднаш неделно, сметаат експертите.

    Шест проекти развиваа различни типови на „паметен“ инсулин.

    Тие вклучуваат тимови од американскиот универзитет Стенфорд, австралискиот универзитет Монаш и кинескиот универзитет Жеџијанг. Нивната заедничка цел е да го забрзаат развојот, за да може што поскоро да се користи новиот инсулин.

    Фото: Pixabay

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img