Во Хрватска досега се регистрирани десет случаи на заболени од мајмунски сипаници

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Хрватска досега се регистрирани десет случаи на заболени од мајмунски сипаници. Сите пациенти се мажи на возраст од 30 до 50 години, а во два случаи е констатирано дека се заразиле во странство, изјави синоќа епидемиологот Горанка Петровиќ.

Хрватска ги очекува првите серии вакцини против оваа ретка, заразна болест во следните недели.
– Европската комисија организира општа јавна набавка за вакцини. Количината на распределените дози ќе биде пропорционална на населението на секоја земја членка – истакна Петровиќ.

Хрватска може да очекува 1.400 дози за имунизација на луѓето кои биле во близок контакт со заболени од мајмунски сипаници.

Share This Article