Во Грција бил регистриран нов максимален температурен рекорд за првите десет дена од јуни, со измерени 39,3 степени Целзиусови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во текот на вчерашниот ден во Грција бил регистриран нов максимален температурен рекорд за првите десет дена од јуни, со измерени 39,3 степени Целзиусови во градовите Тива и Елефсина, според податоците од метеоролошките станици на порталот Метео и Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 502 активни метеоролошките станици во целата земја, 181 од нив, односни 36 отсто, регистрирале температури над 35 степени, 61 станица измерила температури над 37 степени, а осум станици од мрежата вчера напладне регистрирале температури над 38, 6 степени.

Последен пат, температури над 39 степени во првата половина на јуни беа измерени во 2019 година.

Share This Article