Во голема акција турската полиција приведе 33 лица осомничени дека шпионирале за Израел

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Турската полиција спроведува голема операција во осум провинции, вклучувајќи го и Истанбул, во која досега се приведени 33 лица осомничени за меѓународна шпионажа за израелската разузнавачка служба Мосад, јавува Anadolu.

Акцијата се спроведува по истрага што ја води Одделот за истрага за тероризам и организиран криминал при Основното јавно обвинителство во Истанбул.

Истрагата открила информации дека израелската разузнавачка служба Мосад имала за цел да врши активности како што се извидување, набљудување, напад и киднапирање на странски државјани кои престојуваат во Турција од хуманитарни причини.

Распишана е потерница за вкупно 46 лица осомничени за меѓународна шпионска дејност.

Турската полиција изврши симултани претреси на 57 адреси во осум провинции и приведе 33 осомничени.

Акцијата продолжува, како и потрагата по 13-те преостанати осомничени.

Share This Article