Откако му се слошило в затвор, 54-годишен скопјанец бил пренесен во болница, каде што починал, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
– Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ починал В.Н., осуденик во Казнено-поправната установа Затвор Скопје. Според пријавеното, на В.Н. му се слошило во затворот, по што со нивно возило бил пренесен во медицинска установа, каде нешто подоцна, лекар констатирал смрт – се појаснува во соопштението на МВР.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.