More

    Во главниот град се гради на споредни локации

    spot_img

    Интензитетот за градба на станбени објекти од Скопје полека се префрла во другите градови во земјата. Охрид, Битола, Кичево, Гостивар, Гевгелија и Струмица во текот на минатата година станаа места каде што градежните компании ја префрлија својата механизација за да градат.

    Оваа појава се потврдува и преку статистичките податоци за издадени одобренија за градење во изминатите месеци, според кои расте бројот на градење на станбени објекти во општините надвор од Скопје, а во некои општини во главниот град речиси и да не се гради. Во Скопје годишно остануваат непродадени околу 3.500 станови.

    Архитекти велат дека е добро што интензитетот на градење на станбени објекти во поголемиот дел од регионите е во пораст, што ќе влијае на рамномерниот развој на земјата и иселувањето од одделни региони, но говори и за тоа дека атрактивноста на локациите за градење на станбени објекти и можноста за продавање на становите во Скопје опаѓа. Удел во тоа има и пад на висината на кириите во главниот град, што влијае на интересот да се купува стан плус од кој би се печалело.

    – Во Скопје веќе нема атрактивни локации за градење на станбени објекти, што се гледа и од дисперзијата на градбите во општина Гази Баба, Ѓорче Петров во регионот на село Волково, во Сарај и во Илинден. Градот има задушена инфраструктура, која не може да одговори на интензитетот на досегашната градбата, а нема веќе и добра здравствена и образовна инфраструктура. Сето тоа влијае дел од инвеститорите да се откажуваат од градење во главниот град и да почнат да градат во другите градови, на атрактивни локации. Според она што го имам како податок, интензивно се гради во Битола, Охрид, Струмица, Кичево, Гостивар, па и во делови од Источна Македонија – вели архитектот Никола Велковски.

    Тој смета дека во дел од општините во Скопје имаат премногу празни станови што говори дека се купува втор или трет стан или овие станови се непродадени, што е лошо за инвеститорите.

    – Оваа појава е веќе детектирана и она што се гради во Скопје е вложување во втор, трет стан од кој се очекува да се заработи. Меѓутоа, падот на кириите во последен период покажува дека вложувањето во стан за таа намена нема да обезбеди поврат на инвестицијата и затоа се очекува намалување на купување на станови покрај високата цена на квадратот. Спротивно на ова, се очекува трендот на купување плус станови да се зголеми во другите градови како резултат на зголемената градба, но и можноста да се заработи од кириите во некои од градовите, главно туристичките – додава Велков.

    Според него, трендот на  зголемено градењето згради во другите градови во земјата ќе придонесе за намалување на процесот на иселување од другите градови, на што треба да влијае државата со дисперзија на здравствените и другите објекти и изградба на инфраструктура за поудобно и поквалитетно живеење.

    – Со зголемената изградба ќе се собираат повеќе пари во општинските каси од комуналните такси, што ќе значи и изградба на инфраструктура и други пропратни објекти за подобрување на урбаното живеење. Дополнително општините ќе треба да добиваат и поголем процент на ДДВ што исто така ќе ги зголеми нивниот буџет и можноста за развивање на градовите. Државата ќе треба да ги дисперзира, односно да ги развие и здравствените центри по регионите за да се овозможи подобра здравствена заштита во другите делови на земјата, а ќе се намали притисокот врз здравствените институции во главниот град – додава Велков.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, последните неколку месеци интензитетот на градба на станови во Скопје се пренасочува од централните општини на периферијата. Главно се гради во општина Гази Баба, а се зголемува и на бројот на станбени објекти кои се градат во Илинден, Сарај, Ѓорче Петров. Во овој период меѓутоа расте бројот на вакви објекти кои се градат во Охрид, Битола, Струмица, Кичево и во Гостивар.

    Податоците за ноември покажуваат дека од предвидената изградба на 655 станови, најмногу од нив се во Охрид (140), Битола (131) и во Струмица (129). Во Скопје само во општина Центар било предвидено да се градат 83 станови.

    Во овој месец не е превидена изградба на станови во општините од Североисточниот регион (Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане).

    Во октомври е предвидена градба на 790 станови. Најмногу било планирано да се градат во Кавадарци (вкупно 206 станови), во Струмица 50, Гостивар 51, Охрид 12 … Во Скопје од 323 планирани станови во Гази Баба се граделе 194, во Центар 53, во Петровец 51 стан.

    Состојбата е слична и во септември, кога е планирана градба на 773 станови. Во Гази Баба тогаш се предвидувало да се градат 197 станови, а во другите делови од земјата најмногу се градело во Струмица вкупно 140 стана, 130 во Гостивар, Кичево 63, Велес 79, Пробиштип, Гевгелија и Дојран се појавуваат со значителен број градби.

    Пoследниот попис покажа дека една третина од вкупно 839 174 станови во земјава се празни, односно населени се 63,4% или 531.987, додека останатите 36,6% или 307.187 станови се ненаселени. Од скопските општини најмногу празни станови има Центар – 10 865 или над 40% од вкупниот број, а најмалку празни станови има Чаир – 22,5% од вкупно 17. 771 стан.

    Во Скопје годишно остануваат непродадени околу 3.500 станови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img