Мохамед Абу Ал-Кумсан, инженер за радиодифузија од канцеларијата на Ал Џезира во Газа, загуби 19 членови на семејството, вклучително и неговиот татко и две сестри, во израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија.
Ал Џезира го осуди она што го нарече „масакр“ и „непростлив чин“ на израелските сили.
„Ал Џезира најсилно го осудува грозоморното и неселективно израелско бомбардирање што резултираше со убиство на 19 членови на семејството на нашиот посветен инженер SNG, Мохамед Абу Ал-Кумсан. Овој непростлив чин, за време на масакрот во Џабалија, ги однесе животите на таткото на Мухамед, две сестри, осум внуки и внуци, неговиот брат, сопругата на неговиот брат и нивните четири деца, неговата снаа и еден вујко“, се вели во соопштението.
Во израелски напад врз бегалскиот камп Џабалија, густо населена населба во северниот дел на Газа, според палестинските власти загинаа повеќе од 50 луѓе.
На снимката на која се гледа местото на нападот се гледаат спасувачите и волонтерите како со голи раце копаат низ урнатините за да стигнат до затрупаните под урнати згради.
Нападот се случи неколку дена откако сопругата, синот, ќерката и внукот на дописникот на Ал Џезира Газа Ваел Дахдух беа убиени во израелски воздушен напад.
„Она што се случи е јасно. Ова е серија насочени напади врз деца, жени и цивили“, рече Дахдух откако ги виде телата на членовите на неговото семејство во мртовечницата.
Прочитајте ги сите информации за конфликтите на Блискиот Исток овде.