Во ЕУ ќе стапи на сила ембаргото за увоз на руски јаглен

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По завршувањето на преодниот период, од четврток во ЕУ стапува на сила забраната за увоз на руски јаглен. Станува збор за мерка од петтиот пакет санкции против Русија, што земјите членки го договорија во април поради руската инвазија на Украина. Според проценките на Брисел, забраната за увоз на јаглен ќе ја чини Русија осум милијарди евра годишно.

Во април, членките на ЕУ се договорија за 120-дневен преоден период за време на кој европската индустрија треба да се прилагоди на забраната. Целта на мерката е ослабување на руската економија, истакнува германската прес-агенција dpa.

Според податоците на европската статистичка служба Еуростат, минатата година рускиот јаглен учествувал со 45 отсто од вкупниот увоз на јаглен од земјите надвор од Унијата, а 52 отсто по количина.

Јагленот беше првиот руски енергетски извор на кој ЕУ му стави ембарго. Во следните пакети санкции, ЕУ, исто така, донесе одлука за широка забрана за снабдување со руска нафта. Ембаргото за увоз на нафта ќе стапи на сила кон крајот на годината, со исклучок на некои земји кои се во голема мера зависни од овој руски енергетски извор и го добиваат преку цевководи.

Меѓу нив е и Унгарија, која ќе продолжи да добива залихи од Русија. Сепак, операторот на нафтоводот, компанијата Транснефт, во вторникот објави дека е прекината испораката на нафта од Русија за Унгарија, Чешка и Словачка преку јужниот крак на нафтоводот. Се наведува дека причината е неможноста да се плати августовската транзитна такса на украинскиот оператор UkrTransNafta.

Share This Article