More

    Во експлозија во рудник во источен Иран загинаа најмалку 51 лице, а 20 се повредени

    spot_img

    Во експлозија во рудник во источен Иран загинаа најмалку 51 лице, а 20 се повредени, јави иранската државна телевизија, додавајќи дека неколку работници сѐ уште се заробени, објави Ал Џезира.

    Експлозијата се случила поради истекување на метански во рудник за јаглен со кој управува компанијата Маданџу во Табас, на околу 540 километри југоисточно од главниот град Техеран, објави во неделата новинската агенција ИРНА.

    Најмалку 69 луѓе работеле во два блока, Б и Ц, од рудникот кога во саботата вечерта се случило ненадејно истекување на гас, според извештајот.

    – Акцијата за спасување во блокот Б е завршена. Од 47 работници кои беа во блокот, 30 загинаа, а 17 беа повредени – изјави гувернерот на провинцијата Јужен Хорасан, Али Акбар Рахими, за државната телевизија.

    Спасувачките операции во блокот Ц започнаа, рече тој, додавајќи дека густината на метанот во блокот е висока и операцијата ќе трае околу 3-4 часа.

    – 76% од јагленот во земјата се обезбедува од овој регион и околу 8 до 10 големи компании работат во регионот – рече Рахими.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img