Во експлозија на шише за гас во куќа во селото Кичиќ во општина Косовска Митровица денеска се повредени 13 лица, потврди косовската полиција.
Сите повредени, меѓу кои има и деца, се испратени на лекување во Регионалната болница во јужниот дел на Митровица.
„Околу 16 часот и 30 минути полицијата добила информација дека во експлозија во куќа во митровичкото село Кичиќ повредени се 13 лица. Повредените се испратени на лекување во Регионалната болница во Митровица. Според првичните информации се работи за се сомнева дека експлозијата ја предизвикало шише со компримиран течен гас“, соопшти полицијата.