Неполни два часа откако претседателот на Собранието, Јован Митрески ги распиша претседателските и парламентарните избори 2024, во село Драчево регистриран е инцидент во штаб на една политичка партија.
„На 14.02.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Драчево, скопско, со тврд предмет било оштетено стакло од штаб на една политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – информираат од МВР.