Студентите на Катедрата за современ танц вечер во 21 часот на сцената на Дом на АРМ во Скопје, ќе настапат во претставата „Импулс“ на Скопје танцовиот театар 2.
Ќе бидат изведени дела на современи млади кореографи и тоа: „Контура“ на Дејан Битровски, во кое ќе настапи студентката Емилја Милак и „Go Figure It Out #vol2“ во изведба на Стефани Шаршмит, Викторија Коцева, Андреј Димоски, Сара Димовска, Клара Христова, Емилија Милак, Јоана Благадуша, Микаела Анџела Глигорова.
Во рамките на вечерта ќе бидат презентирани и две кореографиите на студентите од Мастер студии за кореографија, во класа на Рисима Рисимкин, „NEBULA MZ3” на Ана Папаниколау од Грција, а ќе настапат студентките Клара Христова и Стефани Шааршмит, како и короеграфијата „Без-надежен” на Иван Ангелковски во која настапува студентката Стефани Шааршмит.
Скопје танцовиот театар е првата официјална современа танцова компанија во земјава, основана во 2011 година и предводена од кореографката Рисима Рисимкин.