More

    Во делот кај Криволак експлодирала муниција, теренот е непристапен

    spot_img

    Воспоставувањето на контрола врз пожарот на планината Серта е исклучително тешко, гори покрај самиот пат, силите се исцрпени на повеќе места, ефектот од леталата беше добар. Но има многу огнени точки, изјави вечерва директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

    – Овде зад мене може да се види дека целиот дол е комплетно во чад, што го отежнува движењето и летањето на хеликоптерите. Исклучително тежок терен за гаснење на овој масивен пожар што зафаќа огромна територија од планината Серта. Има распоредени сили на земја. Во овој момент нема летала, бидејќи не е безбедно, чадот што го има зад мене, не дозволува на леталата да се спуштат на потребната висина за да гасат – појасни Ангелов.

    Од друга страна, нагласи тој, имале проблем кај стрелиштето Криволак каде се слушаат експлозии и истрели од неиспукани гранати и друга муниција.

    – Таму се слушаат експлозии, истрели од неиспукани гранати, куршуми и други неексплодирани експлозивни средства од гаѓањата што ги работела армијата во минатиот период. Така што, местото на планината Серта кон самиот полигон Криволак, не е безбедно за дејство од воздух, но не е безбедно ниту за дејство од земја. А безбедноста на луѓето што гаснат е на прво место. Ќе се обидеме со формирање на противпожарни пресеки, онаму каде што тоа го дозволува теренот. Со трактори, булдожери да се изора, да не може огнот да префрли преку нив, подвлече Ангелов.

    Но и тоа било многу тешко, бидејќи се работи за исклучително стрмен терен. Терен испресечен со долови, карпи.

    Додека во штипскиот дел на планината Серта пожарите што се на неколку локации никако да стивнат, Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека поради пожарите затворен за сообраќај е регионалниот пат Неготино-Штип кај селото Пепелиште.

    Штипското комунално претпријатие „Исра“ апелираше граѓаните да бидат претпазливи на високите температури бидејќи два пожари за само четири дена сe регистрирани на градските гробишта во Штип.

    Пожарот во Битола е делумно ставен под контрола. Спречено е тој да се прошири кон селото Раштани, потврди за МИА, заменик командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Битола, Горан Димкоски.

    На пожарот се делува и од воздух. Интервенираат пет авиони „ер трактори“ и еден канадер. Во гаснењето вклучени се и 35 пожарникари од ТППЕ – Битола, доброволци, лица од јавни претпријатија, доброволни друштва.

    Денеска се очекуваше по 15 часот за гаснење на неколкуте пожари кај штипскиот дел на планината Серта да дејствуваат македонските и турските „Ер трактори“, но според информациите, тие се повторно вратени на пожарот кај Битола, појаснува командирот на ТППЕ Штип, Благој Ренџов, за МИА.

    – Направивме сеча на дрвја со цел да не се префрли пожарот кон приватното ловиште. Жално е да изгоре толкав голем број на дивеч. Пожар има и над Драгоево, тоа е ридот Штракалево кон полигонот Пенуш. Овде пожарот оди во два правци кон доловите, појаснува Ренџов во изјава за МИА.

    Тој посочува дека воздушна поддршка сè уште нема во овој дел на планината Серта. Претпладнето на координативниот состанок беше побарано да се дејствува од воздух, поради непристапниот терен.

    – Пожарот делумно е ставен под контрола. Има уште една точка што ни е надвор од контрола, затоа што станува збор за непристапен терен. Нема опасност за куќи или викенд населби. Нема загрозени имоти и лица. Тоа го спречивме. Ако не го спречивме, одеше кон селото Раштани, појасни Димкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img