Специјалното полициско одделение (СПО) на црногорската полиција по наредба на Специјалното државно обвинителство (СДТ) уапси неколку лица во Будва.Уапсени се членови на организирани криминални групи, а во текот на денот се очекува да бидат донесени во седиштето на СПО, дознава „Вијести“.
Поради апсење на членови на мафијашкиот клан утрово беа блокирани неколку улици во Будва.
Според податоците на „Вијести“, Специјалното полициско одделение извршило претреси во повеќе станови и куќи.