Во болниците и здравствените домови во Шпанија од утре ќе биде задолжително носењето маски поради зголемувањето на бројот на заболени од респираторни инфекции

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во болниците и здравствените домови во Шпанија од утре ќе биде задолжително носењето маски поради зголемувањето на бројот на заболени од респираторни инфекции, соопшти шпанското Министерство за здравство.

Новата левичарска малцинска коалициска влада ја воведува мерката, и покрај противењето на повеќето од 17-те автономни шпански региони.

Шпанската министерка за здравство Моника Гарсија изјави дека тоа е основна и едноставна мерка.

Шпанското Министерство за здравство одлучи да ја воведе мерката откако не постигна договор со регионалните здравствени власти, од кои многумина тврдеа дека употребата на маски треба да се препорачува, но не и да биде задолжителна.

Шест шпански региони веќе ја воведоа мерката, а во последните месеци вообичаено се користат маски на улиците и во јавниот превоз, како и во здравствените домови.

Шпанските болници беа под огромен притисок во последните недели, по наглото зголемување на бројот на случаи на грип, коронавирус и други респираторни заболувања.

Share This Article