Во близина на село Марвинци се случила тешка сообраќајна незгода во која биле повредени 29 мигранти

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Попладнево во близина на село Марвинци се случила тешка сообраќајна незгода во која биле повредени 29 мигранти. Според неофицијалните информации до кои дојде Плусинфо, кон местото на несреќата се упатени повеќе возила на Итната медицинска помош за да интервенираат кај повредените лица. Мигрантите наводно биле сместени во камион, имало педесетина лица, според податоците од Брзата помош во Кавадарци која добила итен повик.

Како што дознаваме меѓу повредените има и деца, но нивната точна бројка не ја знаеме со сигурност.

„На 10.08.2022 во 18:10 пријавено е дека товарно возило излетало од патот  на клучка од с.Марвинци кон М1, рег.пат Гевгелија – Д.Капија. Утврдено е дека се работи за товарно возило Сканија со приколка со скопски таблици. Возачот се дал во бегство, а на лице место се пронајдени  мигранти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Медицинските лица им укажуваат прва помош на местото на несреќата по што ги препраќаат во болниците во Гевгелија, во Валандово, во Кавадарци, во Струмица, во Штип, во Велес и во Куманово, а потешко повредените треба да бидат пратени на Клиника во Скопје.

На помош е вклучена и екипа од Радовиш, по што полесно повердените ќе бидат пренесени во прифатниот центар за мигранти „Винојуг“ каде што ќе треба да бидат згрижени.
Кавадаречката итна медицинска помош била повикана да интервенира и да прифати дел од повредените, исто како и неготинската. Тоа за МИА го потврдиле од двете служби на брза помош. Кавадаречката служба испратила едно болничко возило.
Цела екипа со санитетско возило биле  испратени и од Брза помош Неготино, а службата била на готовс и ако треба дополнително да интервенира.
Share This Article