More

    Во Битола приведени се пет лица, а запленета е дрога во вкупна проценета вредност од околу 800.000 евра

    spot_img

    Приведени се пет лица, а запленета е дрога во вкупна проценета вредност од околу 800.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

    „По добиени информации дека во правен субјект за производство на канабис во медицински цели во Битола се врши производство на марихуана, и покрај донесената одлука и решение од страна на Владата на РСМ на 25.05.2021 за одземање на дозвола за одгледување на канабис за медицински цели, објавена во „Службен весник“ бр.121 од 03.06.2021, на предлог на Министерството за здравство, поради постапувања спротивни на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, кои биле констатирани при вонредна контрола извршена на 10.04.2021 од страна на Комисијата за оценување на исполнетост на условите за одгледување на канабис за медицински цели во содејство со МВР, обезбедена е Наредба за претрес од Основен суд Битола. При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис, како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска“, се вели во соопштението.

    Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, наведено е таму, пронајдената дрога е спакувана во 67 вреќи во вкупна тежина од околу 250 килограми.

    „Петте лица се приведени во полициска станица, а по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на наркотична дрога марихуана ќе биде поднесена кривична пријава“, наведено е во соопштението на МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img