Во Берлин слета првиот авион со 101 германски граѓанин

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Повеќе земји започнаа евакуација на своите граѓани од Судан, откако во оваа земја се разгоре воен конфликт. Првиот германски воен авион со луѓе евакуирани од Судан, слета во Берлин. Во авионот имаше 101 германски државјанин и членови на нивните семејства, како и државјани на земјите партнери, соопшти германското МНР.

Вкупно три Ербас А400М на Бундесверот полетаа за Судан за да ги земат луѓето што треба да бидат евакуирани.

Германија се обидува да евакуира повеќе од 300 германски државјани, регистрирани на кризната листа заедно со државјани на земјите-партнери, доколку е можно. Во мисијата се вклучени повеќе од 1.000 членови на Бундесверот.

Во две групи, првата со помош на Франција, втората со помош на Италија, успешно беа евакуирани грчки државјани од Судан, а операцијата за евакуација на останатите Грци продолжува, соопшти грчкото МНР. Сите грчки државјани со помош на француски и италијански авиони, веќе се пренесени во Џибути, каде што се наоѓаат грчката амбасадорка во Етиопија и почесниот конзул во Џибути за да ги пречекаат Грците и да асистираат доколку им е потребна помош.

Share This Article