More

    Во бегство се 23 затвореници, а има место за 62

    spot_img

    Во моментов од Казнено-поправната установа Затвор Струмица во бегство се 23 затвореници, информира новоименуваниот в.д. директорот на затворот Зоран Ристов.

    Во видео обраќање за затекнати состојби во КПУ Затвор Струмица, Ристов вели дека ова е резултат на неодговорното работење на претходни раководства.

    – Во изминатиов период во пракса било преку телефонски повик да се даде погодност на затвореник со зборовите „Јас стојам зад тоа“. Ваквите процеси во претстојниов период уредно ќе се истражат. Оваа пракса во КПУ Затвор Струмица завршува и одговорност мора да следува. Прва моја задача е се врати достоинството и работниот имунитет на вработените – изјави Ристов.

    Согласно Законот за извршување санкции и куќен ред, Ристов посочува дека КПУ Затвор Струмица ќе го врати нормалниот процес на ресоцијализација на осудените лица и најавува годишен план за работа за подобрување на стандардот на затворениците во делот на услови за живот и работа.

    – Застанувам против секој обид за рекет, изнуда и притисок. Очигледно, тоа е намерен инструмент за да се создаде клима за манипулација. Согласно Законот за извршување на санкциите и согласно Куќниот ред, КПУ Затвор Струмица ќе го врати нормалниот процес на ресоцијализација на осудените лица. Завршува времето на омаловажени и искористени осудени лица. Според личните желби на одредени вработени, осудените биле приморани да извршуваат работни задачи на приватни имоти, како градежни активности и друго – тврди директорот и најавува санкции.

    На предлог на директорот на Управата за извршување на санкции, Владата на 24 јули годинава за в.д. директор на Казнено-поправната установа Затвор Струмица го именува Зоран Ристов, кој го замени в.д. директорот Владимир Михајловиќ.

    Вкупниот капацитет на КПУ Затвор Струмица изнесува 62 лица и во него се извршува казна затвор до три години, казна затвор за сторен прекршок и изречена мерка притвор согласно судско решение. Во затворот казна затвор издржуваат лица од Струмица, Кочани, Штип, Виница, Делчево, Берово и од Радовиш.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img