More

    Во автобус на Табановце најдени 13 килограми злато

    spot_img

    Царинската управа на Македонија на својата страница на Фејсбук објави дека денеска при вршење на детална царинска контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Табановце, откриени се привремено задржаа 13,3 килограми злато и непријавени 30.000 евра.

    „Поради постоење сомнеж, автобусот со македонски регистарски ознаки кој се движи на редовна линија од Пореч (Хрватска) до Гостивар, заедно со патниците бил упатен на царинскиот терминал на граничниот премин. При прегледот со мобилен скенер се воочени неправилности во кровната конструкција, каде се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки во правилна и неправилна форма.

    Непријавената стока – злато со вкупна тежина од 13.304 грама е привремено задржана и предадена на одделението за истраги за понатамошна постапка“, информираат од Царина.

    При личен претрес, кај еден од возачите биле пронајдени и одземени непријавени 30.000 евра, за кои е изготвен записник за девизен прекршок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img