Во август растот е од 45,8 отсто што е највисок од 1949 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цените на енергијата предизвикаа нов рекорд на растот на производствените цени во Германија. Без цените на енергијата, производствените цени се повисоки за 14 отсто.

Федералната статистика (Дестатис) објави дека во август производните цени на германската индустрија се зголемиле за  45,8 отсто во однос на истиот месец лани. Ова според германските медиуми, е најголемо зголемување од 1949 гдина кога рекордот бил 37,9 отсто.

Во однос на јули во август производните цени се зголеменни за 7,9 отсто.

Цените на енергентите во август беа повеќе од двојно повисоки од истиот месец лани. На месечно ниво се зголемени 20,4 отсто. Струјата поскапела речиси четири пати за дистрибутерите, а гасот е три пати поскап од август минатата година.

Share This Article