Американка од генерацијата З (зумери) неодамна ја објавила на Тик-Ток сметката од своето породување кое поминало без никакви компликации и посебни барања.
Таа вели дека не се породила со царски рез, а сметката од болницата сепак ја шокирала.
Жената ја објавила фактурата во која открила дека болницата ѝ наплатила 51.383 долари (47.259,51 евра) за услугите.
Најскапата ставка на сметката била цената на родилната сала, која била наплатена 20.395 долари (18.758,30 евра), додека за собата во која била сместена по породувањето морала да плати 17.760 долари (16.334,76 евра).
На сметката се истакнати сите останати ставки вклучени во вкупната цена, како што се лекови, лабораториски тестови и епидурална анестезија. Мајката не открива дали плаќа здравствено осигурување и колку од сметката покрило тоа.
Повеќе за ова на „Мајка и дете“.