„Во Америка личните предмети му припаѓаат на сопственикот“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Војводата и војвотката од Сасекс, наводно, побарале од агенцијата Бекргид за фотографирање славни личности да ги предаде сликите направени за време на, како што самите ја нарекле „речиси катастрофалната“ потера со „гужва од многу агресивни папараци“ во Њујорк, пишува Гардијан.

Агенцијата, која инаку е со седиште во Калифорнија, во четвртокот соопшти дека го отфрлила барањето на Хари и Меган.

 

 

„Во Америка, како што сме сигурни дека знаете, личните предмети му припаѓаат на сопственикот(Агенцијата)- трети лица не можат само да бараат да им бидат дадени, како што можеби кралевите можат тоа да го сторат“, ѝ одговорила Агенцијата на кралската двојка

Иако таксистот кој ги возеше Хари и Меган додека тие беа бркани од папараците рече дека „не би го нарекол тоа како потера“, сепак, настанот беше споредуван со трагичната сообраќајна несреќа на мајката на Хари, кралицата Дајана, трагедија која остави дамки во кралската фамилија.

Share This Article