More

    Во Албанија се дрогираат и 10-годишни деца

    spot_img

    Директорот на „ Акција Плус“, организација која се занимава со социјални прашања, вклучително и употреба на дрога, Генци Мучолари, изјави дека во Албанија во постојан раст е бројот на млади кои користат хероин и кокаин.

    – Поаѓаме од бројките што ги имаме во нашите центри, но и од бројките што ги објавува Министерството за здравство, каде се забележува постојан раст на бројот на корисници на дрога. На пример, ако во 1995 година имало бројка од 6.000 корисници на сите видови дроги, сега се околу 50.000 до 60.0000 корисници, додека 7.000 до 8.000 се корисници на тешки дроги, на кои им е потребна терапија, третман. И во нашиот центар има раст на бројот, каде ако пред пет години имавме околу 700-750 клиенти. Сега станува збор за 950 и бројките растат – истакна Мучолари.

    Според него уште позагрижувачка е појавата што меѓу корисниците на дрога се поголем е бројот на оние на мала возраст, каде што најниската е 10-годишна возраст.

    Зборуваме за корисници кај младите каде бројот е зголемен, употребата на хероин и кокаин е речиси двојно зголемена. Просечната возрасна група е од 22 до 35 години, има и случаи на хероин каде оди и до 10-годишна возраст, додава тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img