Во новогодишната ноќ нѐ очекува суво и стабилно време, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре во текот на денот времето ќе биде ведро и студено, со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 7 во Берово до минус 2 во Охрид и во Демир Капија. Максималната ќе се искачи од 8 во Битола и во Свети Николе до 14 степени во Гевгелија.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со утринска температура до минус 4 и со максимална дневна температура до 9 степени Целзиусиви.
До петок ќе се задржи стабилно, суво и претежно тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури. Во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.