More

    Во 2024 година скромни 2,2%, но во 2025 година скок на 3,6%

    spot_img

    Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вторникот соопшти дека ја ревидирал својата проекција за економскиот раст на Македонија оваа година на 2,2%, што е намалување од прогнозата од 2,7% што ја објави во април.

    Се предвидува економскиот раст на Македонија да се забрза до 3,6% во 2025 година, објави ММФ во најновото издание на извештајот за светската економска перспектива.

    Се проценува дека економијата на Македонија во 2023 година пораснала само за 1%.

    Прогнозата на ММФ е пооптимистична од таа на Светска банка. Како што веќе пишувавме, Светска банка предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 1,8%, следната ќе порасне за 2,5%, а дури во 2026 година ќе порасне за 3%.

    ГОДИНАВА ЌЕ ЈА ЗАВРШИМЕ СО НАЈНИЗОК РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА ВО РЕГИОНОТ Светска банка ни предвиде само 1,8%.
    Просечната инфлација на потрошувачките цени се предвидува на 3,3% во 2024 година и 2,3 % во 2025 година, во споредба со 9,4 % минатата година, соопшти ММФ.

    ММФ предвидува глобалниот раст на светската економијха да биде 3,2% во 2025 година, една десетина од процентниот поен понизок од прогнозата во јули, додека среднорочниот раст се очекува да избледи до „просечни“ 3,1% за пет години, што е далеку под предпандемискиот тренд.

    Прогнозата за американската економија, најголемата економија во светот, е дека ќе порасне за 2,8% во 2024 година, што е нешто помалку од 2,9% што порасна минатата година.

    20-те европски земји кои го имаат еврото како заедничка валута се очекува годинава да имаат мал раст од 0,8%, двојно повеќе од 2023 година кога растот беше 0,4 %, но и тоа е намалено во однос на растот од 0,9 проценти што ММФ го прогнозираше за 2024 година пред три месеци.

    Фондот очекува растот на економиите на земјите во развој во Европа да биде за 3,2% во 2024 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img