ВМРО-Народна партија соопшти дека е загрижена за новонастаната ситуација низ Европа и соседството во однос на новите случаеви на ковид, но и поради недостигот од информации за тоа каква е состојбата со ковид во Северна Македонија.
„Најновите вести од Австрија кажуваат дека во последниот период има повеќе заболени отколку кога беше пикот пред неколку години, во Бугарија во последното деноноќие се хоспитализирани околу 50 лица, а Србија известува за зголемување на бројот на заболени и хоспитализирани, но во Северна Македонија владее информативен мрак во однос на овој, по се изгледа, старо-нов проблем.
ВМРО-Народна партија не бара воведување на рестриктивни мерки, но добро би било јавноста да има повеќе информации за тоа каква е состојбата во земјава. Потребно е граѓаните да бидат информирани како можат соодветно да се заштитат, особено хронично болните“ – се вели во соопштението на ВМРО-НП.