ВМРО-Народна партија предлага Македонија да купи дронови од турско производство наречени „Бајрактар“ за потребите на одбраната на земјата.
„Од војната меѓу Украина и Русија гледаме дека дроновите се покажаа како многу ефикасно оружје за напад но и за одбрана на сопствената територија. Денеска од средбата меѓу турскиот претседател г-динот Ердоган и албанскиот премиер Еди Рама дознавме дека веќе и Албанија купила од ова моќно турско оружје наречено „Бајрактар“ а веќе е и најавено дека и Косово ќе купи од истите тие дронови.
ВМРО-Народна партија ја повикува Владата на Северна Македонија, а посебно и Министерството за одбрана во догледно време исто така да влезе во преговори со нашиот турски пријател за купување на соодветна количина на дронови. Не гледаме причина зошто овие наши два соседи да поседуваат такво оружје, а македонската одбрана да биде надвор од тој процес“ – се вели во соопштението на ВМРО-НП.