ВМРО-ДПМНЕ: Владата сака да го направи незадолжително средното образование

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека владата планира да го укине задолжителното средно образование со образложение дека тоа е добро за економијата на државата.

На денешната прес-конференција Драган Попоски, член на комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ рече дека откако СДС и ДУИ не успеале да го модернизираат средното образование се одлучиле за полесната опција да го укинат задолжителното средно образование.

– Владата на (Димитар) Ковачевски размислува за укинување на задолжителното средно образование, а образложението е дека тоа е добро за економијата во државата. Како неедуцирани граѓани ќе бидат од корист за државата? Замислете, ова е ставот на владините министри во време кога светот го движат и развиваат интелектуалци и колку повисоко и поквалитетно образование имаш, толку повеќе си ценети изјави Попоски.

Според него, идејата е апсурдна бидејќи се намалува бројот на учениците во средните училишта.

– Податоците велат дека и онака во регионот имаме највисока стапка на проретчување на ученици од средните училишта. Практично 78% од една генерација средношколци го завршуваат ова образовно ниво. И наместо тоа да се подобри, фокусот да биде ставен особено на дуалното образование со кое би се насочиле и квалификувале нови кадри, се размислува за незадолжително средно образование – рече Попоски.

Тој се прашува дали на владата ѝ се потребни недоволно образовани кадри.

– Веројатно граѓаните со низок степен на образование ќе бидат од корист само за власта, која мисли дека полесно ќе ги манипулира доколку не се доволно писмени. Тоа е потценување и навреда! Наместо да им понуди што повеќе можности и опции за едукација, Владата им вели дека доволно им е деветолетка за да успеат во животот – рече Попоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја спречи оваа идеја на владата.

Share This Article