ВМРО-ДПМНЕ: Уште колку функционери на Онкологија пишувале свои роднини за болни за да крадат цитостатици?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Уште колку функционери на Онкологија пишувале свои роднини за болни за да крадат цитостатици? прашува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Според партијата, криминалот на Онкологија е огромен и монструозен и за него мора да има и поединечна и системска одговорност.

„Кога директорот на Онкологија се дрзнал со лажни документи да ја пријави сопствената мајка за болна од рак на бели дробови, тогаш што се друго е правено за да се краде терапија?

Ковачевски (Димитар), но и сите министри до сега почнувајќи од Таравари (Арбен), Филипче (Венко), Сали (Беким) до Меџити (Фатмир), не можат да манипулираат дека не знаеле.

Криминалот на Онкологија е огромен и монструозен и за него мора да има и поединечна и системска одговорност.

Не може со денови да не се знае ништо, сите инволвирани слободно да одат на работа, а со тоа да имаат можност и да прикриваат докази, а ЈО да не презема ништо, ниту пак да ги oстави министрите недопрени.

Од авион се гледа дека власта не сака разрешница за Онкологија. Системот е трул и потребни се промени“ , се вели во соопштението.

Share This Article