Уште колку функционери на Онкологија пишувале свои роднини за болни за да крадат цитостатици? прашува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
Според партијата, криминалот на Онкологија е огромен и монструозен и за него мора да има и поединечна и системска одговорност.
„Кога директорот на Онкологија се дрзнал со лажни документи да ја пријави сопствената мајка за болна од рак на бели дробови, тогаш што се друго е правено за да се краде терапија?
Ковачевски (Димитар), но и сите министри до сега почнувајќи од Таравари (Арбен), Филипче (Венко), Сали (Беким) до Меџити (Фатмир), не можат да манипулираат дека не знаеле.
Криминалот на Онкологија е огромен и монструозен и за него мора да има и поединечна и системска одговорност.
Не може со денови да не се знае ништо, сите инволвирани слободно да одат на работа, а со тоа да имаат можност и да прикриваат докази, а ЈО да не презема ништо, ниту пак да ги oстави министрите недопрени.
Од авион се гледа дека власта не сака разрешница за Онкологија. Системот е трул и потребни се промени“ , се вели во соопштението.