More

    ВМРО-ДПМНЕ тврди дека светски фалсификатор на избори ја води кампањата на Пендаровски

    spot_img

    За Стево Пендаровски црна кампања води Асаф Еисин, чија група се сомничи за фалсификати и местење избори ширум светот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Пендаровски е покровител на фалсификуваните документи против ВМРО-ДПМНЕ, а за изработка на истите имаме основани сомненија дека стои АР водена од Еролд Муслиу близок на Пендаровски и Миле Зечевиќ како посредник преку кого одат плаќањата. Пендаровски призна дека се видел со Асаф Еисин и дека средбата е организирана од СДСМ“, се вели во соопштението.

    Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат како е платен Еисин.

    „Со оглед на тоа што СДСМ не пријавиле дека го плаќаат Еисин, се поставува прашањето од кое со денови бегаат. Како е платен Асаф Еисин и дали е платен во кеш со црни пари од тендерите во РЕК Битола? Во недостаток на програма и понуда, Пендаровски и СДСМ прибегнаа кон црна кампања, но попусти им се сите обиди. Народот бара промени. Граѓаните ќе си ја вратат Македонија. Иднината е во рацете на народот. Македонија повторно ќе биде на граѓаните“ се додава во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img