ВМРО-ДПМНЕ тврди дека фирма, која била дел од скандалот за злоупотреби, за кој му се судеше на Рашкоски, повторно добива тендери од владата, овојпат дури и за повисоки износи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тврди дека фирма, која била дел од скандалот за злоупотреби, за кој му се судеше на поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашкоски, повторно добива тендери од владата, овојпат дури и за повисоки износи.

„СДС продолжува кај што застана Рашковски. Истата фирма со која Рашковски склучи договор за набавка на софтвери во 2020 година во вредност од 15 милиони евра, е избрана за набавка на софтвери повторно, но овој пат за 26 милиони долари.

Набавката од фирмата која беше дел од низата скандали заради која Рашковски си замина, сега повторно книжи милиони.

Имено на 1. септември потпишан е договорот, а од страна на владата потпишува генералниот секретар Методија Димовски, и веќе на 5. септември овој договор е влезен во сила.

Договорот е за софтверски лиценци, и со пресметан ДДВ тежи 26.429.350 долари.

Се поставува прашањето што се смени за 3 години, па наместо за 15 милиони се купува за 26 милиони? Во кој дел работата на владата напреднала и што ново е направено?

Како фирмата која беше во фокусот на скандалите со Рашковски повторно склучува договори со владата на СДС во очи избори за сума поголема за 70% од пред 3 години“ – прашува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението, во кое не го наведува името на фирмата.

Share This Article