Талат Џафери е недостоен за функцијата технички премиер на владата, бидејќи во 2001 година дезертираше од Армијата на Македонија, оцени ВМРО-ДПМНЕ.
„Од Талат Џафери не може да се очекува спроведување на фер и демократски избори, бидејќи од функција на претседател на Собранието, ги прекршуваше Деловникот и процедурите, заклучуваше врата од пленарна седница за да не се пријават други пратеници за збор и со тоа ја прекрши демократијата.
Џафери не може да биде премиер бидејќи во 2001 година дезертирал од Армијата на Македонија, го блокираше законот за македонските бранители. Тој е недостоен за функцијата бидејќи цела македонска јавност слушна како им се обраќа на собраниските службеници, со пцовки, навреди и закани.
Во некоја нормална земја, до сега Џафери ќе беше испратен во политичка пензија, а не да биде назначен за технички премиер на Македонија. Само дезертерот Ковачевски може да прифати друг дезертер како Талат да управува со владата. Со Ковачевски, СДС стана непрепознатлива партија, и освен што и отпаѓа рејтингот, туку е и целосно деградирана во владата.
Ковачевски е само обична марионета и слуга во владата, а Ахмети е стопан, сè што тој кажува, Ковачевски само прифаќа. Ахмети не работи за доброто на народот, туку лично за себе и фамилијата. СДС и ДУИ ја носат Македонија во пропаст. Затоа на изборите народот ќе ги казни и ќе ги испрати во длабока опозиција. За Македонија да оди напред, потребно е СДС и ДУИ да си заминат час поскоро“ – се наведува во соопштението на опозицијата.