More

    ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во тендерот за реконструкција на ССОУ „Моша Пијаде“ во Тетово

    spot_img

    Дали ДУИ мести тендер од 4.5 милиони евра во Тетово за партиска градежна фирма?, праша денеска преку соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

    Оттаму наведуваат дека партијата се сомнева дека ДУИ го мести тендерот за реконструкција на средното училиште Моша Пијаде во Тетово за фирма блиска до партијата што може да се види и од условите за учество во јавната набавка.

    „На  12 октомври годинава МОН на Јетон Шаќири распиша јавен оглас за избор на фирма за реконструкција на средното училиште Моша Пијаде во Тетово во вредност од 4.5 милиони евра.Тендерот кој е еден од поголемите во обем во државата го следат многу контроверзии. Постојат сомнежи дека ДУИ го мести за партиска градежна фирма. Според условите на повикот фирмите кои воопшто може да учествуваат мора да имаат реализирани минимум 3 договори во последните 5 години, од кои барем еден да биде со сума не помала од 160 милиони денари. Дополнително фирмите мора да имаат приход не помал од 287 милиони денари за секоја од последните 3 години.Според условите на тендерот станува јасно дека веќе однапред е скицирана фирмата или фирмите кои треба да се јават на него, а потоа и да го добијат“, се наведува во соопштението.

    ВМРО ДПМНЕ прашува: Дали повторно како фирма добитник на овој тендер ќе се јави фирма донатор на ДУИ или фирма блиска до врвот на оваа партија?

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img