ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
СДСМ се труди да ја сокрие вистината за неплаќањето на ДДВ од страна на претходната директорка на ЈП ,,Билјанини извори”, Гордана Јованоска.
Согласно вештачење од судски вештак констатирано е зголемување на ДДВ за 18 милиони денари поради неплаќање. Сето тоа е направено и покрај сите средства од дополнителните приходи со започнување на наплата во каналот, воведување премиум зона и СМС систем за наплата на паркинзите.
Поради нивната неспособност и недомаќинско работење со неплатен данок сега Општината ќе треба да плаќа за долг и камати кон УЈП.
Четрири години им беа потребни на УЈП за да се разбуди од зимскиот сон додека 600 илјади евра се направи главен долг со камата, па да ја блокира сметката по промена на власта.
СДСМ Охрид може само самите себе си да се лажат, но не можат јавноста и особено сите вработени во јавното претпријатие кои ја знаат целата вистина дека не се плаќал данокот.
СДСМ Охрид нема доблест да им се извини на граѓаните затоа што за своето криминално работење тие веќе си ја добија казната од охриѓани, а со ваквите постапки им следи уште поголема казна на следните избори.