More

    ВМРО-ДПМНЕ пресудата на пратеник за искажан став е доказ за нефункционалноста на системот

    spot_img

    Судството здружено со власта се обидува да ја замолчи опозицијата. Toa под диригентска палка на власта осуди пратеник за искажан став, мислење, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

    Според партијата, сето ова се случува во период кога власта ги убедува граѓаните дека сме само на чекор до ЕУ, сето ова се случува во перид кога Македонија доби најниска оценка од Европската комисија за сите области, вклучително и слободата на изразување и правото на слободна мисла.

    „Судството под контрола на власта предводена од СДС и ДУИ го осуди пратеникот Бране Петрушевски за искажан збор и тоа ни помалку ни повеќе кажан од собраниска говорница. Токму од таа собраниска говорница која е место каде во светот се практикува слободата на изразување судството во Македонија под контрола на власта ја помножи со нула слободата на говор. Го помножи со нула Уставот кој ја гарантира истата, ги помножи со нула сите меѓународни документи кои ја гарантираат истата„, се ваведува во реакцијата.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, оваа пресуда не е само пресуда за пратеникот, туку е доказ за нефункционалноста на системот која е резултат на неспособноста на власта да води држава.

    „Власта предводена од СДС и ДУИ само се декларира како европска, а во својата основа е тоталитарна, криминална и корумпирана!“, се вели во реакцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img