More

    ВМРО-ДПМНЕ: По шамарите и исполнетиот бенчмарк во М-НАВ, владата на СДС и ДУИ имаше цели пет дена да смисли предлог за нов директор за кој медиумите за 15 минути им кажаа дека не исполнува основни услови за таа функција

    spot_img

    По шамарите и исполнетиот бенчмарк во М-НАВ, владата на СДС и ДУИ имаше цели пет дена да смисли предлог за нов директор за кој медиумите за 15 минути им кажаа дека не исполнува основни услови за таа функција – кометнира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    „И НАТО-претставници биле загрижени за безбедноста на македонското небо, тоа е епилогот кога квазиевропските СДС и ДУИ се власт. Вчера Стево Пендаровски јавно призна дека НАТО-претставници биле загрижени и прашувале дали е безбедно македонското небо, и дека во времето на упадот во М-НАВ од страна на бандитите водени од функционер од ДУИ имало два НАТО-авиони кои слетувале.

    Власта преку Стево Пендаровски отворено призна дека ја посрамотиле државата, и наместо оставки веднаш и разрешувања, се чекаше скоро цела недела директорите да бидат разрешени.

    Очигледно е дека СДС во владата е заложник на ДУИ, и за да останат на власт не смеат да преземат ништо без дозвола, па затоа вчера уште еднаш ја посрамотија државата кога предложија еден директор од ДУИ кој не ги исполнува условите, за кога се крена јавноста да одржат уште една седница и да предложат втор директор од ДУИ. Имено по шамарите и исполнетиот бенчмарк во М-НАВ, владата на СДС и ДУИ имаше цели пет дена да смисли предлог за нов директор за кој медиумите за 15 минути им кажаа дека не исполнува основни услови за таа функција.

    И додека ДУИ става директори по желба и тепачот кој влета во М-НАВ ќе продолжи да оди на работа, каде се сите вработени кои беа предмет на тортура, 4 од тепачите се недостапни за полицијата, а другите се дома“ – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img